Многу врева се крена околу начинот на кој што Унгарија како држава со последните законскин измени ги истретира припадниците на ЛГБТ заедницата, па како одговор на тоа, Германија односно Минхен како ко организатор на ЕУРО реши Алинц Арената да ја „обои“ во боите на виножитото, заштитниот знак на оваа популација низ светот.
Сепак, од тоа нема да има ништо затоа што УЕФА како основен организатор на настанот, одлучи дека тоа ќе биде потег кој би имал политичка позадина односно порака, а УЕФА е организација која стриктно се бори да нема така конотација во своето функционирање.
„Според својот статут, УЕФА е политички и верки неутрапна организација. Со оглед на фактот што овој потег и тоа како има политичка конотација, и тоа е потег кој е наменет како одговор на одлуката на унгарскиот национален парламент, УЕФА одлучи да го одбие ова барање“ – се вели во соопшението на УЕФА.