Саутгејт во чудење: Ние изолиравме двајца фудбалери, Шкотска ниту еден

267

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт е зачуден од фактот дека ниту еден шкотски фудбалер не оди во изолација откако Били Гилмур беше позитивен на коронавирус.

Од друга страна, Англичаните ги изолираа Мејсон Маунт и Бен Чилвел од останатиот дел од тимот, барем за кратко време, кои беа во близок контакт со Гилмур по натпреварот помеѓу Англија и Шкотска. Засега не е познато дали двајцата ќе бидат во составот за дуелот со Чешка.

“Не сакам да предизвикам драма во Шкотска, но ако сте сите заедно во соблекувалната, каде стоите? Не ги знам сите важни фактори, но очигледно нема проблеми ако сте на теренот заедно. Затоа нема проблеми во Премиер лигата, се покажа дека нема доволно време да се пренесе Ковид-19 за време на тренинг или пак на еден меч“, изјави предводникот на Англија.

Денеска во ист термин од 21 часот, играат Хрватска и Шкотска.

ПретходноОрганизиран пречек на нашите фудбалери на скопскиот аеродром
СледноНишто од Алианц арена во боите на виножитото, УЕФА: Тоа е политичка порака