Селекторот на Германија, Јоаким Лев е најплатениот селектор на тековното Еуро 2020. Неговата годишна плата е импресивна – 4,6 милиони евра. Во ТОП 3 најплатени селектори се најдоа и предводниците на Франција и Англија – Дидие Дешамп (4,2 милиони) и Герет Саутгејт (3,5 милиони).
Изненадувачки, селекторот на Русија, Станислав Черчесов, кој доживеа дебакл со Русија во последното коло и не успеа да се пласира во осминафиналето е меѓу најплатените. Нему Русите му исплаќаат 2,5 милиони евра годишно.
ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ СЕЛЕКТОРИ:
- Јоаким Лев (Германија) – 4,6 милиони
- Дидие Дешамп (Франција) – 4,2 милиони
- Герет Саутгејт (Англија) – 3,5 милиони
- Франк де Бур (Холандија) – 3 милиони
Роберто Манчини (Италија) 3 милиони
- Станислав Черчесов (Русија) – 2,5 милиони
- Фернандо Сантос (Португалија) 2,3 милиони
- Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 1,74 милиони
- Луис Енрике (Шпанија) 1,5 милиони
- Роберто Мартинез (Белгија) 1,2 милиони