Француски новинар тврди: Мбапе не сака да остане во ПСЖ и тоа не го крие!

378

Килијан Мбапе сака да си замине од ПСЖ и тоа не го крие, тврди познатиот новинар, Даниел Риоло. Тој во изјава за Радио Монте Карло уште еднаш потврди дека Мбапе одамна е подготвен да си оди од ПСЖ, но проблем е тоа што нема клуб кој ќе ја плати отштетата во овој момент.

„Знам дека Мбапе побарал да замине, но тоа е комплицирано затоа што прво треба да пронајдете клуб кој има пари да го плати неговото заминување. Но, јасно е дека тој навистина не сака да остане. Ако не замине ова лето, тој ќе си оди без пари следната сезона. Да, Мбапе не сака остане во ПСЖ“, тврди Риоло.

Реал (М), Манчестер Сити, Ливерпул… се само дел од клубовите кои се обидуваат да го добијат, но засега никој не сака да ја плати сумата која Французите ја бараат за младиот голгетер.

ПретходноКармело Ентони доаѓа кај Леброн во Лејкерс?
СледноИталија откри дел од тајната на успехот: Слушаме наполитанска музика!