Халфот на турската фудбалска репрезентација Хакан Чалханоглу, чиј договор со Милан истече, денеска и официјално потпиша за Интер.
Според потврдата од „нероаѕурите“, Чалханоглу потпиша тригодишен договор со Интер.
Беше објавено дека според условите на договорот, Турчинот ќе добива 5 милиони евра по сезона. Дополнителни 1 милион евра ќе бидат регистрирани како бонуси.
Чалханоглу играше за Милан од 2017 година, но не ја прифати понудата од 4 милиони евра како годишна плата, плус бонуси, за да остане во дерсот на „росонерите“.