Серхио Бускетс би можел да се најде во првите 11 на Шпанија на дуелот со Словачка, пишуваат шпанските медиуми.
Бускетс во петокот се врати на тренинзите, откако ги пропушти првите две кола поради позитивен тест на коронавирус.
Сега играчот од средниот ред е веќе со соиграчите, и би можел веднаш да биде ставен во игра. На Шпанија и треба победа над Словачка за сигурен пласман понатаму, иако на Шпанците можеби ќе им биде доволен и бод.