Една од ѕвездите на НБА лигата, Крис Пол го одби повикот да се приклучи на тимот на САД за Олимписките игри во Токио. Кошаркарот на Феникс Санс ја одбил поканата да заигра за тимот САД ова лето на олимпискиот фествал во Јапонија.
Според пишувањата на добро упатени извори во НБА лигата, досега сигурни се 11 кошаркари кои ја прифатиле понудата од Американската федерација да настапат на Олимпијадата. Тоа се. Гру Холидеј, Крис Мидлтон, Кевин Лав, Демијан Лилард, Џејмс Харден, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Кевин Дурент, Дрејмонд Грин и Бам Адебајо.