Фудбалската федерација на Италија, ги објави сумите кои ќе ги одреди како премија доколку фудбалерите го освојат Европското првенство.
Имено, доколку Италијанците дојдат до големиот пехар, играчите ќе добијат 6,5 милиони евра, или секој фудбалер ќе биде „побогат“ за 250 илјади евра.
Самото финале ќе им донесе по 200 илјади евра за секого, а полуфинале 150 илјади.
Италија досега заработи 16 милиони евра од УЕФА гледајќи ги сите бонуси. Ако ја минат Австрија во 1/8 финале, ќе заработат дополнителни 3 милиони евра.