АС: За Рамос ПСЖ е поинтересен од англиските великани

881

Серхио Рамос може да бира во кој клуб ќе ја продолжи и заврши својата кариера, откако не успеа да се договори со Реал Мадрид. Легендата на „кралскиот“ тим нема намера да стави крај, заинтересирани клубови има, засега го сакаат најмалку три европски клубови.

Според АС, тој веќе има понуди од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Рамос од овие два тима повеќе би ги одбрал „црвени-ѓаволи“, но и натаму е најблизу до ПСЖ, кој може да понуди најдоби услови.

ПретходноХаџиевски потпиша за Хаџер: Среќен сум што се враќам во Саудиска Арабија
СледноФудбалерите во 13:30 часот ќе слетаат во Скопје, тројца нема да бидат во чартерот