„Бомба“ од Турција: Фенербахче го „купува“ Вардар!?

9134

Интересна информација, но крајно „бомбастична“ ако е вистинита доаѓа од Турција. Имено, тамошните медиуми пишуваат дека сопственикот на Фенербахче, Али Коч е во преговори за купување на македонскиот тим Вардар.

Имено, планот е на некој начин Вардар да стане „пилот“ или т.н. филијала на Фенербахче, и сите фудбалери кои не би можеле да играат во Фенер од било кои причини, да бидат испраќани на „калење“ во Вардар.

Интересно е тоа што Вардар во 2017 година го елиминираше Фенербахче во плеј-офот во Лигата на Европа, и оваа соработка, односно купување за турската јавност е на некој начин изненадување.

Пред неколку дена е објавено дека Вардар има нов сопственик. Тоа е Слободан Крстевски од „Blue Sky investments”. Меѓутоа овој интерес од Фенер сега може да ги смени работите во една друга насока.

УЕФА не дозволува еден ист човек да поседува два клуба, но сигурно дека ќе се најде  решение за да се заобиколи овој проблем, се разбира доколку сево ова стане реалност во иднина. Ако ова се реализира, се очекува Вардар не само да се врати во прволигашката конкуренција, туку одново да се бори за титула и за успех во Европа.

ПретходноЕкс-селектор на Македонија на кормилото на Будуќност
СледноСамо еден човек беше со Пандев од почетокот до крајот!