И покрај фијаското на ЕП, Черчесов нема намера да си поднесе оставка

429

Селекторот на Русија, Станислав Черчесов нема намера да поднесе оставка од кормилото по неуспехот на ЕУРО 2020 туку планира да продолжи да работи како предводник на националниот тим. Според „Спорт-Експрес“, селекторот не сака да поднесе оставка, а се придржува до договорот кој важи до завршување на СП 2022.

Русите завршија последни во групата со три бода, а убедливиот пораз од Данска во 3. коло ги исфрли од колосек. Финска беше трета, Белгија на првото место, додека Данска е втора.

Според „Спорт-Експрес“ Черчесов се поздравил со фудбалерите и им кажал дека ќе се сретнат во септември кога ќе бидат квалификациските мечеви за СП 2022.

ПретходноСамо еден човек беше со Пандев од почетокот до крајот!
СледноЕмотивен статус на Несторовски: Веќе ништо нема да биде исто без НАЈГОЛЕМИОТ!