Македонија против Косово на отварањето на Дејвис Купот

338

Сениорската репрезентација на Македонија од денеска до 22. јуни, ќе се натпреварува во четвртата Европска Дејвис Куп зона. После пауза од 10 години, Тениската федерација на Македонија е домаќин на овој турнир.

За нашата репрезентација ќе настапат: Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски и Стефан Мицов, селектор е Чедомир Јовановски, негов асистент е Владимир Томиќ.

Македонија е во групата Б заедно со Молдавија, Косово, Сан Марино и Андора. Двете првопласирани селекции од оваа група ќе обезбедат пласман во третата Дејвис Куп зона.

Првиот меч се игра денеска против Косово со почетокот во 10 часот.

ПретходноЕриксен се огласи по пласманот на Данска во осминафиналето
СледноАвстрија налета на Италија во 1/8 финалето!