Европската куќа на ракометот по завршување на фајнл-фор завршницата ја објави најновата ранјг-листа. Македонија падна едно место подоле, поточно се наоѓа на четвртата позиција, зад Шпанија, Франција и Германија.
Но, ниту оваа промена не менува ништо кога станува збор за учеството во Лигата на шампионите. Македонија и во следните две години има загарантирано место во групите. Во сезоната што доаѓа веќе е потврден Вардар 1961.
Во создавање на ранг-листата во предвид се земаат резултатите во Лигата на шампионите и Европската лига од сезоните 2017-18, 2018-19 и 2019-20.
Добро е познато дека покрај место во ЛШ, нашата земја има и три места во Европската лига, но тука два тима ќе играат квалификации. Е.Пелистер најверојатно ќе добие директно место, додека Т.Пролет и Металург ќе мора да го минат квалификацискиот дел за да имаат подолга европска сезона.