РК Пролет ги задржа најдобрите: Андоновски и Пецаковски потпишаа нови договори

337

Капитенот Ласко Андоновски и поранешниот репрезентативец на Македонија, Дејан Пецаковски остануваат во Тинекс Пролет откако беше постигнат договор за продолжување на соработката.

Двајцата ракометари одиграа многу значајна улога во освојувањето на одличното трето место и обезбедениот излез во ракометна Европа, по што на задоволство на двете страни беа договорени условите за соработка и за наредната сезона.

Андоновски со години наназад е еден од клучните ракометари во тимот на Тинекс Пролет, каде во последните сезони заслужено ја носи и капитенската лента. Со искусниот бек е потпишан нов двогодишен договор.

Пецаковски пристигна во Тинекс Пролет минатото лето, а тој потпиша нов едногодишен договор со Тинекс Пролет, со можност за дополнително продолжување на соработката.

Во однос на играчкиот кадар од изминатата сезона, тимот досега го напуштија голманот Петар Ангелов и десниот бек Никола Потиќ, кои имаат нови клупски ангажмани. Токму засилувањето на овие две позиции ќе биде приоритет во наредниот период, а паралелно со тоа во тек се преговорите за задржување на голем дел од играчите од минатата сезона.

ПретходноАтлетичарот Јован Стојоски ќе ја претставува Македонија на ОИ во Токио
СледноКоцев и Ристовски си заминаа од Борец