На вчерашниот дуел во рамките од третото и воедно последно коло од групната фаза на ЕУРО, помеѓу репрезентациите на Русија и Данска еден навивач на „Зборнајата“ се обиде да влезе во терен. Која му беше намерата никогаш нема да дознаеме, затоа што успеа да мине само три четри метри на „слобода“ пред да биде „лишен од слобода“ од страна на обезбедувањето. Да не беше во алкохолизирана состојба можеби и неговиот обид ќе минеше пославно, ама вака….