Ѕвездата на Јувентус и на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо со денешните два гола против Франција на натпреварот од третото коло од групната фаза на Евро 2020 го престигна германскиот напаѓач Мирослав Клосе на листата на најдобри стрелци на Светските и Европските првенства.
Португалецот постигна вкупно 21 гол на престижните турнири, за разлика од Германецот кој има 19. На третото место на оваа вечна листа на најдобри стрелци на Европските и Светските првенства е Германецот Герд Милер (18 гола).