Нема веќе дилеми, Лео Меси и натаму ќе го носи дресот на каталонскиот гигант. Во “игра“ беа ПСЖ и Манчестер Сити, но како што објавуваат медиумите во Шпанија, тој ја прифатил понудата на Барселона со што нема да ја менува средината. Очекувано ако се знае дека сега претседател е Лапорта, а на “Камп Ноу“ пристигна и неговиот најдобар пријател Серхио Агуеро.
Барса потврдата за новиот договор со Меси ќе ја објави утре, на денот кога Аргентинецот ќе го слави својот 34. роденден, а ќе има потпис кога Меси ќе се врати од Копа Америка.