Емоции, по малку неверица дека е крај, потсетување на се она што беше во изминатите 20 години. И се разбира на крај годи тоа кога цела Македонија ќе ти каже – ФАЛА ТИ!
Горан Пандев изминатите два – три дена е централна тема на сите вести, муабети, разговори за фудбалот и “препукувања“ меѓу фановите, во нашата држава.
Како никогаш досега ниту еден спортист во нашата историја не ја довел нацијата во спортска екстаза.
Дури и тие што пред 6-7 години кога не им беше по кеиф струмичанецот, сега велат дека тој е наша фудбалска икона.
Ако некој ја обедини Македонија тоа е само Пандев.
Така и треба, мега – спортистите имаат обврска на такво нешто.
Оваа фотографија од “Јохан Кројф Арената“ најдобро отсликува што Македонија кажа за својот Гранде.
Кусо, силно, од срце – ФАЛА ТИ!