УЕФА отвори дисциплинска против ФФМ поради кршење на Ковид-19 протоколот во Амстердам!

1644

Европската фудбалска унија денеска објави дека е покрената дисциплинска постапка против Фудбалската федерацоија на Македонија, поради прекршување на Ковид-19 протоколите. Како што стои во информацијата, УЕФА назначи инспектор кој треба да спроведе соодветна постапка во врска со наводното потенцијално кршење на протоколот на УЕФА за време на престојот на Македонија во Амстердам.

Ова веројатно се однесува на излегувањето на фудбалерите низ центарот на Амстердам пред мечот со Холанија, кога се возеа по каналите. УЕФА тоа го смета за кршење на протоколите на Еуро 2020.

ПретходноКој ќе се зарази со Ковид-19 за време на ЛОИ во Токио ќе биде сместен како во затвор!?
СледноПешевски со четири гола за победа на Штутгарт, Кузмановски и Хановер поразени