Франко Фода: УЕФА не е фер

936

Селекторот на Австрија, нашиот ривал во групната фаза од тековното ЕУРО, Франко Фода изјави дека УЕФА не е воопшто фер и коректна што одлучи осминафиналниот меч помеѓу неговата селекција и Италија, да се игра во Лондон, Англија на стадионот Вембли. Таму навивачите од двете земји нема да можат да присуствуваат пиоради Ковид протоколите.

„Ова е чисто лудило, да не дозволиш навивачи на мечот. Нема смисол овој меч да се игра во Лондон. Не играш секој ден осминафинале на Европско првенство. Како во моментов стојат работите, на овој меч нема да има ниту еден наш навивач. УЕФА до сега се перфектно организираше но во овој случај, пред се поради интересот на навивачите, се надевам дека ќе најде решение. Едно од нив сигурно е промена на стадионот“ – изјави Фода. Мечот инаку е закажан за сабота во 21:00 часот.

 

ПретходноКога објаснуваш премногу ќе јадеш ќотек (ВИДЕО)
СледноТиквеш стартуваше, Ивановски прво засилување, пристигна и Македонец од Германија