Хакими во ПСЖ: Плата 8 милиони по сезона, трансферот вреден 70 милиони!

524

Пари Сен Жермен не попушта. Се чини е на добар пат да го разубеди Интер да го ослободи бекот Ашраф Хакими за мароканскиот репрезентативец да може да се пресели на „Паркот на принцовите“. Според Фабрицио Романо, еден од експертите за трансфери на фудбалери, вели дека ПСЖ ја подобрил својата понуда која достигнува 70 милиони евра со бонуси.

Тоа е одлична сума која веројатно ќе ја прифати Интер. Новинарот Никола Шира оди и подетално, Хакими ќе потпише договор со ПСЖ до јуни 2026 година, а платата ќе му биде 8 милиони евра по сезона плус 2 милиони евра во форма на бонуси (титули, настапи, пласман…).

Кога сме кај ПСЖ, можно е францускиот вицепрвак да го грабне и голманот Џанлука Донарума од Милан. Според медиумите од Франција, Италијанецот би требало да потпише договор до 2026 година.

ПретходноБаша од Борец во Кукс
СледноКога објаснуваш премногу ќе јадеш ќотек (ВИДЕО)