Балардини: Пандев мора да продолжи во Џенова, следиме еден Македонец!

5904

Давиде Балардини, шефот на струката на Џенова, вчера за медиумите во Италија даде свој коментар на најавите дека Горан Пандев, нашата фудбалска икона по напуштањето на репрезентацијата, размислува да стави крај и на фудбалската кариреа. Со тоа Џенова ќе биде директно засегната, посебно за следната сезона, ако се знае дека Гранде е еден од најдобрите фудбалери на тимот од Џенова.

Во неколку наврати сум истакнал дека посакувам Горан Пандев да го имаме во тимот и во иднина. Тој мора да продолжи да игра во Џенова. Но, секако дека изборот е негов. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ потенцираше Балардини.

Инаку тој наговести дека е можен трансфер на еден друг Македонец во Џенова.

Има еден млад фудбалер од Македонија кој го следев во изминатиот период. Тој ист фудбалер и на последните мечеви ја потврди својата висока класа. Не сакам сега да го кажувам неговото име“ заврши стратегот на Џенова.

ПретходноДавор Палевски уште една сезона во Пролет
СледноЗа првпат од 1970 година, Детроит ќе го има првиот пик на драфтот