Бобиќ го врати Боатенг во Бундеслигата

366

Искусниот играч за врска, Кевин-Принс Боатенг, следната сезона повторно ќе игра во германската Бундеслига.

Поранешниот репрезентативец на Гана, роден во Берлин, потпиша едногодишен договор со Херта.

„Кевин-Принс Боатенг е запознаен со Херта, Бундеслигата и Берлин. Нема да му треба многу време да се прилагоди. Тој има лидерски квалитети во соблекувалната и надвор од теренот. Овој трансфер ќе биде многу корисен за тимот“, изјави спортскиот директор на Херта, Фреди Бобиќ.

Mинатата сезона Боатенг настапуваше за италијанскиот второлигаш Монца.

ПретходноБуфон: Се откажав од две опции со кои можев да ја освојам Лигата на шампионите за да се вратам во Парма
СледноКој ќе се зарази со Ковид-19 за време на ЛОИ во Токио ќе биде сместен како во затвор!?