Очигледно е дека раководството на Брегалница мисли и на иднината. Па така, откако се работи на ангажман на нови имиња, доведени се Мојсов и Азиновиќ, “сините“ имаат намера со професионални договори да ги “врзат“ своите најголеми таленти.
Ново е тоа што голманот Давид Денковски и Брегалница потпишаа тригодишен професинален договор.
“Брегалница и покрај тоа што се засилува со искусни и квалитетни играчи, не отстапува од својата стратегија. А таа е инвестирање во младоста на клубот. Токму поради тоа се тие долгорочни договори со најголемите наши таленти, кои се и иднината на македонскиот фудбал“истакна спортскиот директор на штипските“ сини“, Нилкола Тонев.