Ван дер Варт за Пандев: Тој е како Кројф за Македонија!

650

Горан Пандев се прости од репрезентацијата на Македонија со настап на “Јохан Кројф Арената“ во Амстердам. И тоа на мечот со Холандија од 3.коло во групата Ц на ова ЕУРО 2020. Токму затоа видни холандски фудбалери имаа свои коментари, беа просто воодушевени од нашата фудбалска икона. Вајналдум на Пандев му подари холандски дрес со неговото име и бројот 122, Снајдер му ракоплескаше од трибините, а Рафаел ван дер Варт, некогашен капитен на репрезентацијата на Холандија, фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид, Хамбургер, имаше што да каже за Македонецот.

Го ценам, го почитувам Горан Пандев. Па, тој е како Јохан Кројф за Македонија. Сметам дека тоа беше одличен гест, одличен начин како се прости од својата селекција. И кај мене сета таа атмосфера предизвика емоции, малку недостигаше да пуштам солзи. Прекрасно дека е убаво големите играчи како Пандев да бидат испратени на тој начин“ посочи Ван дер Варт.

ПретходноЕУРО 2020: Португалија не смее да загуби од Франција, Германија со победа може до првото место
СледноБосанец ги засили редовите на Бутел Скопје