ЕУРО 2021: Финалистите од претходното ЕП во битка за пласман во нокаут-фазата

234

Денеска ќе се одиграат четири натпревари на ЕУРО 2020 со што ќе се комплетираат осминафиналните парови. Од 18 часот ќе се играат завршните пресметки од групата Е, додека во вечерниот термин возбудувањата од групата Ф и дуелите меѓу Германија-Унгарија и Португалија-Франција.

Сите четири репрезентации имаат шанси за пласман понатаму со тоа што Унгарците ќе мора да ја победат Германија која по поразот од Франција во 1. коло ја растури Португалија со 4:1. Французите тргнаа со победа над Германија, но разочараа со 1:1 против Унгарија.

Да вечерва ќе се одиграат завршните битки. На „Пушкаш арена“ во Будимпешта ќе гледаме реприза од минатото финале помеѓу Португалија и Франција. Тогаш Португалија победи со 1:0 и го освои трофејот, сега двете селекции се соочуваат во трка по осминафинале.

Малку се репрезентациите против кои Роналдо нема постигнато гол, а меѓу нив е и Франција. Вкупно 439 минути светскиот фудбалски ас не им дал гол на Французите.

На табелата Франција има 4 боа, Германија и Португалија по три, а Унгарија еден. Тоа значи дека на Португалците им е доволно и реми, а би завршиле први на табелата со победа и ако Германија не слави против Унгарија.

Французите одат понатаму ако победат или ако ремизираат но во тој случај Германија да не ја совлада Унгарија. Ако Франција изгуби и Унгарците победат тогаш за второто место ќе одлучува севкупната гол-разлика.

Тоа се математичките варијанти.

ДЕНЕСКА НА ЕП 2020
ГРУПА Е
Словачка – Шпанија      18:00 ч.
Шведска – Полска           18:00 ч.

ГРУПА Ф
Португалија – Франција               21:00 ч.
Германија – Унгарија    21:00 ч.

ПретходноДејвис куп: Македонија ја победи и Андора со убедливи 3:0
СледноНорич ги купи Милот Рашица и голманoт на Саутемптон