Кога цела Македонија ќе ти каже – ФАЛА ТИ! (ФОТО)

2459

Емоции, по малку неверица дека е крај, потсетување на се она што беше во изминатите 20 години. И се разбира на крај годи тоа кога цела Македонија ќе ти каже – ФАЛА ТИ!

Горан Пандев изминатите два – три дена е централна тема на сите вести, муабети, разговори за фудбалот и “препукувања“ меѓу фановите, во нашата држава.

Како никогаш досега ниту еден спортист во нашата историја не ја довел нацијата во спортска екстаза.

Дури и тие што пред 6-7 години кога не им беше по кеиф струмичанецот, сега велат дека тој е наша фудбалска икона.

Ако некој ја обедини Македонија тоа е само Пандев.

Така и треба, мега – спортистите имаат обврска на такво нешто.

Оваа фотографија од “Јохан Кројф Арената“ најдобро отсликува што Македонија кажа за својот Гранде.

Кусо, силно, од срце – ФАЛА ТИ!

ПретходноМногу кандидати за нов капитен на Реал Мадрид
СледноНиколов си оди од Лече, има три понуди на маса!