Јапонците подготвија посебен хотел за Олимпијадата во Токио за луѓето кои ќе бидат позитивни на коронавирусот. Сепак, хотелот, за заразените ногу повеќе наликува на затворска ќелија, отколку на хотел, велат дел од спортистите кои треба да патуваат на ЛОИ.
Јапонците сериозно ја сфаќаат заканата од ширењето на коронавирусот, па затоа, според информациите, организаторите резервирале хотел со 300 соби лоциран на неколку километри од Олимпиското село. Тој ќе биде наменет за сите на кои ќе им бидедијагностициран коронавирус, но нема да имаат потреба од хоспитализација.
Сите што ќе престојуваат во хотелот ќе бидат следени 24 часа на ден. Најпрво ќе бидат ставени во карантин 10 дена, а потоа ќе бидат ставени на низа тестирања, пред да им биде дозволен излез од хотелот. Сликите објавени во медиумите покажуваат дека условите за престој таму наликуваат на затворска ќелија. Болнички кревет, клима, прозорец, бели sидови и ништо повеќе. Спортистите стравуваат дека тие кои ќе влезат во овој хотел може да се соочат со сериозни психолошки трауми.