Есмин Личина, младиот стопер и во иднина ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Како што информираат од таборот на “лавовите“, клубот и Личина го продолжиле договорот.
Инаку Личина важи за еден од најдобрите млади стопери во ПМФЛ, некогашен младински репрезентативец и секако дека неговото останување најмногу ќе го израдува шефот на стручниот штаб на “лавовите“, Александар Таневски.
Есмин Личина има 23 години, тој е “дете“ на Вардар, покрај својот матичен клуб пред да дојде во Ѓорче пред две години, тој беше член на Скопје.