„Луда“ победа на Феникс за водство од 2:0 против Клиперс (ВИДЕО)

187

Кошаркарите на Феникс на свој терен го совладаа ЛА Клиперс со 104:103 во многу драматичен втор меч во финалето на Западната конференција. Играч на одлука беше Денадре Ејтон кој постигна кош во финишот на мечот, после „утката“ на Пол Џорџ.

И покрај тоа што Клиперси добро го отворија мечот, поведоа на ова гостување, а потоа почна и резултатска „клацкалка“ која траеше до крајот на мечот.

За победникот се одлучуваше во последните секунди, а поконцетрирани беа домашните кошаркари. Ејтон ги постигна победничкиот кош.

Камерон Пејн од Феникс беше најефикасниот со 29 поени.

 

ПретходноБуфон: Не сакав повеќе да бидам резерва, Парма ја одбрав и поради емоциите
СледноДалиќ се „отвори“: Добро знам дека се работи и пишува против мене, но ќе останам господин