Младата репрезентација на Македонија за играчи до 17 години загуби убедливо од Русија со 5:0 на првиот меч на турнирот во италијанскиот граг Градишка, кој се одржува од 22 до 28 јуни.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа прегазени од своите врсници од Русија. „Зборнаја“ водеше со 2:0 на полувреме со двата гола на Денис Макаров, а во вториот дел Русите постигнаа уште три гола преку Барановски, Смелов и Кишиев. Покрај нашата репрезентација, на овој турнир ќе учествуваати селекциите на Албанија и Словенија.