Многу кандидати за нов капитен на Реал Мадрид

1016

По заминувањето на Серхио Рамос, јасно е дека идната сезона Реал Мадрид ќе има нов капитен. Во игра се четири фудбалери, пишува АС.

Најсериозен кандидат е Лука Модриќ, кој долго време е дел од тимот и вистински лидер на теренот, меѓутоа шпанските медиуми се прашуваат колку може да го понесе товарот со оглед дека веќе е во зрели фудбалски години, а згора на тоа има и многу „работа“ на теренот.

Други кандидати за капитенската лента се уште и Дани Карвахал и Каземиро. Карвахал е најблиску до превземање на лентата, а Каземиро да биде втор капитен. Има опција и за Марсело, но тој е далеку од првиот тим во моментов, односно неговата форма е далеку од идеална па прашање е дали ќе игра.

Следни на листата се Карим Бензема и Рафаел Варан, и навистина „кралевите“ имаат можност да бираат, што се вели Анчелоти ќе биде на „слатки маки“ да одбере лидер.

ПретходноГолден АРТ КЛ7 ја прекина соработката со тренерот Котевски
СледноКога цела Македонија ќе ти каже – ФАЛА ТИ! (ФОТО)