Бобан Николов, еден од нашите најдобри фудбалери нема да продолжи во Лече. Откако неговиот досегашен тим не успеа да се избори за влез во Серија А, нашиот репрезентативец се одлучи да ја смени средината. Едноставно не сака и натаму да игра во Серија Б.
Како што дознава Спортмедиа, Николов има три опции, односно три понуди на маса. И тоа од клубови од Турција, Австрија и од Италија, и тоа од Серија А.
Инаку Николов во Лече дојде во зимскиот преоден рок, тоа беше големо засилување на овој познат клуб.Претходно штипјанецот играше во МОЛ Фехервар, Вардар и во Виторул.
Со оглед на квалитетите на Бобан Николов, и со оглед на фактот дека станува збор и за еден од носителите на играта на нашата репрезентација, секако дека нема многу да чека на потпис за новиот клуб.