Норич ги купи Милот Рашица и голманoт на Саутемптон

362

Повратникот во Премиер лигата, Норич Сити активно работи на засилувања на екипата за претстојната сезона со цел да го избегне она што им се случи претходно, кога влегоа во елитата и бргу испаднаа. Норич комплетираше уште две засилувања со што бројката на нови фудбалери се искачи на четворица.

Нов играч е крилниот напаѓач Милот Рашица кој дојде од Вердер. За косовскиот репрезентативец „канаринците“ платија 11 милиони евра. Новак е и голманот Ангус Ган кој доаѓа од Саутемптон и потшиша договор на четири години. За него се платени пет милиони евра која со бонуси може да достигне до седум милиони.

Инаку Ангус Ган е син на поранешниот фудбалер и менаџер на Норич, Брајан Ган.

Претходно во Норич дојдоа централниот бек на Барнли, Бен Гибсон за 10 милиони евра како и левиот бек на ПАОК, Димитриос Јанулис за 7,5 милиони евра.

Норич сака да го позајми талентираниот фудбалер на Челзи и шкотски репрезентативец, Били Гилмор кој беше прогласен за играч на мечот со Англија на ЕП.

ПретходноЕУРО 2021: Финалистите од претходното ЕП во битка за пласман во нокаут-фазата
СледноФантастична премија за играчите на Англија ако го освојат ЕУРО 2020