Седма шампионска титула за Викторија Донева

201

Македонската интернационалка во шампионот на Бугарија, тимот на НСА Софија, Викторија Донева се закити со седмата титула првак во својата богата кариера.

Голманот на НСА Софија претходно имаше успеси и во домашниот шампионат на Македонија, како и во шампионатот на Словенија, а сега три пати по ред е првак на Бугарија.

Редовен учесник е во Лигата на Шампионите, минатата сезона со својот клуб, го елиминираше нашиот шампионт, тимот на Каменица Саса, а потоа по голема борба беше елиминирана од првакот на Србија, тимот на Спартак Суботица.

„Секако дека е голема чест и задоволство да се биде повторно најдобар. Титулите се редат но сакаме и успеси во Европа, и затоа годинава ќе дадеме се од себе повторно да минеме неколку рунди во Лигата на Шампионите“ – изјави Донева за Спортмедиа.

 

ПретходноФиорентина даде 27 милиони евра за аргентински репрезентативец
СледноХумелс со поддршка за ЛГБТ заедницата