Фантастична премија за играчите на Англија ако го освојат ЕУРО 2020

150

Англија е шампион по премиите на ЕУРО 2020. Фудбалската асоцијација на Англија ќе исплати бонуси во висина од 540.000 евра по фудбалер, ако репрезентацијата успее да триумфира на Европскиот шампионат.

На второ место по премии е Белгија, а ФС на оваа земја им гарантирала на фудбалерите по 435.000 евра. Третата позиција ја делат Германија и Шпанија со премии по 400.000 евра по фудбалер. Следува Франција со 340.000 евра на фудбалер.

Италија со „скромни“ 250.000 евра по фудбалер, а Холандија со по 200.000 евра по фудбалер.

Кај Италијанците ако стигнат до финале ќе добијат по 200.000 евра, а до полуфиналето 150.000 евра.

ПретходноНорич ги купи Милот Рашица и голманoт на Саутемптон
СледноФиорентина даде 27 милиони евра за аргентински репрезентативец