Фиорентина се најде во проблеми откако тренерот Џенаро Гатузо си замина поради различностите во поглед на трансферите, а додека трага по новиот стратег, паралелно работи и на засилувањата.
Денеска официјално нов играч на „Виолетовите“ е аргентинскиот интернационалец Нико Гонзалез кој досега го носеше дресот на Штутгарт. Сумата е 27 милиони евра плус бонуси.
Гонзалес има седум настапи за Аргентина од 2019 година па до сега, а пред Штутгарт играше за Аргентинос Јуниорс. Има 23 години и е напаѓач.