Хумелс со поддршка за ЛГБТ заедницата

270

На изненадување на многумина, а исто така и на големо задоволство на многумина, Германскиот репрезентативец Матс Хумелс на денешната официјална прес конференција, се појави облечен во маичка со боите на виножитото односно со подршка за ЛГБТ заедницата.

На светската јавност добро и е позната во моментов „војната“ помеѓу Германија, која реши јавно да ја поддржи ЛГБТ заедницата и Унгарија која донесе закон која максимално ги ограничува правата на оваа популација.

Па така, Хумелс одлучи јавно да даде поддршка, и да ја даде следната изјава.

„Маичката е само плод на моето мислење. Еве и еден НФЛ играч јавно призна дека е хомосексуалец. Тоа во денешно време е нормална работа, и спортот треба да работи во таа насока“ – изјави Хумелс.

 

ПретходноСедма шампионска титула за Викторија Донева
СледноБаша од Борец во Кукс