Репрезентацијата на Шведска, со триумфот од 3:2 предмалку над Полска, во рамките од третото коло од групната фаза на тековното ЕУРО, се пласираше на првото место во групата Е, со вкупно седум бодови и на тој начин ја остави фаворизираната Шпанија на второ место.
Швеѓаните за малку и ќе го испуштена лидерското место, затоа што обезбедија триумф во последните секунди преку голот на Клаесон. Претходно, Левандовски во финишот израмни на 2:2. Напаѓачот на Баерн го постигна и првиот гол за Полјаците, а на спротивната страна двоен стрелец беше Форсберг.
Во вториот дуел од оваа група, Шпанија чекајќи кикс на Шведска ја „уби“ Словачка со 5:0. Мората промаши пенал, но само за да ги разлути соиграчите. Дубравка направи смешен потег, и си постигна автогол, за потоа Лапорт, Сарабиа, Торес, во серија да погодуваат, а Куцка си постигна автогол.