Јубилејниот 30. шампионат во ПМФЛ почнува на 7/8 август, за првпат без Вардар!

1158

Како што Спортмедиа дознава, јубилејниот 30.шампионат во ПМФЛ во самостојна Македонија ќе стартува на 7/8 август. И во оваа сезона ќе има 12 клубови кои ќе играат по трокружен систем со вкупно 33 кола и на тој начин ќе се борат да дојдат до титулата.

Интересно, за првпат, од како се игра ПМФЛ од сезоната 1992/1993, во нашата елитна лига ќе го нема Вардар, кој ќе се натпреварува заедно со Силекс, исто така еден од нашите најтрофејни клубови, во Втората лига – запад.

Кога сме кај вторите лиги, во западната и источната конкуренција, тие ќе стартуваат на 21 август.

Купот стартува во септември, исто како и лани, веројатно ќе се игра по еден напревар, како што беше и минатата сезона.

Инаку во сезоната 2021/2022 инаку бр.30 во ПМФЛ, ќе настапуваат следните екипи: Шкендија, Шкупи, Струга ТЛ, Македонија ЃП, Работнички, Академија Пандев, Пелистер, Борец, Ренова, Брегалница, Тиквеш и Скопје.

ПретходноКошаркар на Лејкерси заврши зад решетки поради марихуана
СледноСупер милионер и милионер џек пот на видеолотарија за една недела донесоа добивки вредни 16,5 милиони денари