Искусниот играч за врска, Кевин-Принс Боатенг, следната сезона повторно ќе игра во германската Бундеслига.
Поранешниот репрезентативец на Гана, роден во Берлин, потпиша едногодишен договор со Херта.
„Кевин-Принс Боатенг е запознаен со Херта, Бундеслигата и Берлин. Нема да му треба многу време да се прилагоди. Тој има лидерски квалитети во соблекувалната и надвор од теренот. Овој трансфер ќе биде многу корисен за тимот“, изјави спортскиот директор на Херта, Фреди Бобиќ.
Mинатата сезона Боатенг настапуваше за италијанскиот второлигаш Монца.
𝙁𝙞𝙣𝙖𝙡𝙡𝙮 𝙗𝙖𝙘𝙠 💎@KPBofficial #GemeinsamHertha #HaHoHe pic.twitter.com/ybsYtKE2SB
— Hertha Berlin (@HerthaBSC_EN) June 23, 2021