Давор Палевски ќе продолжи да го носи дресот на Пролет и во наредната сезона откако потпиша нов едногодишен договор.
Левото крило дојде од редовите на Работнички, тој беше најдобар стрелец на голем дел од натпреварите минатата сезона, што беше доволна препорака за нов договор.
Пролет претходно потпиша нови договори и со Ласко Андоновски и со Дејан Пецаковски.
„Ва во тек се разговорите за останување на уште неколку ракометари кои одиграа клучна улога во освојувањето на извонредното трето место минатата сезона“, стои на официјалната страница на Пролет.