После победата над Шкотска и пласманот во 1/8 финалето, хрватскиот селектор Златко Далиќ ја „отвори душата“.
Во последните неколку дена во хрватската јавност се шпекулира дека Далиќ ќе ја прифати понудата од Фенербахче и дека ќе ја „откачи“ Хрватска.
„Овие десет дена беше лудило, и јас не можам да разберам. Не знам која цел сум ја остварил. Меѓутоа Господ е со мене кога ми е најтешко. Не можам да го разберам лудилото во послендите десет дена. Нема да навлегувам, ќе го чувам достоинството, гордоста, секогаш ќе бидам фер. Поради тоа бевме среќни. Лука Модриќ знаеше што се случува и што се пишува против мене, но добро, ќе останеме и натаму господа. Фала на сите на поддршката, на критиките, одиме понатаму“, рече Далиќ.