Француската кошаркарска ѕвезда, Нандо Де Коло го продолжи договорот со тимот на Фенербахче за уште една година.
Де Коло потпиша нов договор на својот 34-ти роденден, а минатата сезона за турскиот тим во Евролигата имаше просек од 15,8 поени, 3,9 асистенции и 3,2 скока по натпревар. Во досегашната кариера, францускиот кошаркар, кој игра како плејмејкер и бек, двапати ја освои титулата европски шампион со тимот на ЦСКА од Москва (2016 и 2019 година), а во 2016 година беше прогласен за најкорисен играч во Евролигата.