ЕУРО 2020: Португалија не смее да загуби од Франција, Германија со победа може до првото место

298

Денеска завршуваат натпреварите од групната фаза на ЕУРО 2020, со што ќе бидат познати сите осминафинални двојки.

Сите со нетрпение ја очекуваат разврската околу „групата на смртта“ во која Португалија, Франција и Германија имаат подеднакви шанси, а Унгарија, пак, исто така има шанси доколку триумфира вечерва во Минхен.

Франција игра со Португалија. Французите имаат четири бода, кои би требало да бидат доволни за пласман во 1/8 финалето, меѓутоа сигурно ќе сакаат да бидат на првото место. Французите за такво нешто им треба бод, а победа сигурно ги носи на позицијата број 1, но во тој случај Португалија ќе „виси“ за 1/8 финале. Затоа Португалија не смее да дозволи да загуби.

„Ќе играме под неверојатни услови со екстремно топло време. Ја анализиравме играта со Германија, ги извлековме грешките и каде треба да ја поправиме нашата игра. Првпат примаме 4 гола на еден натпревар. Треба да играме подобро во нападот, а пред се во одбраната“, рече Фернандо Сантос, португалскиот селектор. 

Германија, пак, ќе чека нерешен исход, или победа на Португалија во дуелот со Франција, за ако ја совлада Унгарија да биде на првата позиција на табелата. Унгарците, пак, само победа над Германија ги води во 1/8 финалето.

„Не мислиме на 1/8 финалето, туку сме фокусирани само на овој натпревар. Мораме да бидеме внимателни, но да не бидеме пасивни. Ќе размислуваме за следната фаза кога ќе го добиеме овој меч“, вели Матс Хумелс, германскиот репрезентативец. 

Во другата група „Е“ Шпанија е голем фаворит во пресметката со Словачка. Шпанците со триумф дури може да завршат први, ако Шведска загуби од Полска. Полјаците, пак, мораат да победат ако сакаат пласман во следната фаза. И Словачка има шанса, но мора да останат непоразени во дуелот со Шпанија.

 

ПретходноЗа првпат од 1970 година, Детроит ќе го има првиот пик на драфтот
СледноВан дер Варт за Пандев: Тој е како Кројф за Македонија!