“Лавовите“ ја продолжија соработката со Есмин Личина!

460

Есмин Личина, младиот стопер и во иднина ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Како што информираат од таборот на “лавовите“, клубот и Личина го продолжиле договорот.

Инаку Личина важи за еден од најдобрите млади стопери во ПМФЛ, некогашен младински репрезентативец и секако дека неговото останување најмногу ќе го израдува шефот на стручниот штаб на “лавовите“, Александар Таневски.

Есмин Личина има 23 години, тој е “дете“ на Вардар, покрај својот матичен клуб пред да дојде во Ѓорче пред две години, тој беше член на Скопје.

ПретходноБосанец ги засили редовите на Бутел Скопје
СледноШкендија ќе игра ЛШ на стадион со капацитет од 3.782 места