По неколкудневно преговарање, одвивања и прифаќања, Американците синоќа и официјално го потврдија тимот од 12 НБА ѕвезди кои во дресот на САД ќе настапат на Олимписките игри во Токио.
Селекторот Грег Поповиќ веќе го има комплетниот список со кој ќе атакува на ново олимписко злато. Во последен момент, иако имаше голема желба да настапи во дресот на САД, Џејмс Харден отпадна од списокот поради повреда, но тимот ќе го преводи неговиот соиграч Кевин Дурент (32), кој ќе атакува на трето олимписко злато.
Американската репрезентација ќе има само уште еден освојувач на злато од Рио, Дрејмонд Грин, додека останатите ќе бидат желни за големиот предизвик. Во финалниот избор на Попович се најдоа:
Кевин Дурент (Бруклин)
Дејмијан Лилард (Портланд)
Бредли Бил (Вашингтон)
Џејсон Тејтум (Бостон)
Девин Букер (Феникс)
Зак Лавин (Чикаго)
Бам Адебајо (Мајами)
Дрејмонд Грин (Голден Стејт)
Дру Холидеј, Милвоки
Крис Мидлтон (Милвоки)
Џерами Грент (Детроит)
Сепак, останува да се види дали крајот на НБА-сезоната ќе го искомплицира планот за Американците, бидејќи Букер, Холидеј и Крис Мидлтон се уште играат во плејофот.