Борец стартуваше со подготовките, промовирани пет нови имиња

1629
Велешки Борец денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона. Тренерот Борче Христов имаше прозивка, а потоа и прв тренинг на теренот во Велес.
Екипата доби пет нови засилувања. Станува збор за: Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓорѓиески, Стефан Јакимовски и Кристијан Николов.
Исто така Борец ги продолжи договорите со Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски, Трајче Трајков.
Раководството на клубот работи на ангажман на уште неколку нови имиња кои ќе бидат објавени по потпишување на договорите.
ПретходноЕнис Барди меѓу најпријатните изненадувања во првата фаза на ЕУРО 2020
СледноПандев до Ангеловски: Шефе, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација!