Синоќа Бразил и Колумбија одиграа одличен натпревар во групата „Б“ во рамиите на Копа Америка. Возбудливата завршница донесе победа со пресврт за „кариоките“, 2:1.
Колумбија водеше од десеттата минута со голот на Дијаз, но во финишот, Бразил успеа комплетно д аго сврти резултатот во своја полза. Прво, Фирмино израмни на 1:1 во 78-та минута, а потоа Касемиро погоди во третата минута од продолжението за триумф на Бразил, која стана трета селекција што обезбеди пласман во нокаут-фазата на Копа Америка.
Бразил е лидер во групата со девет бода од три натпревари и обезбеди место во четвртфиналето.
Колумбија е на второто место со четири бода, но и четири одиграни натпревари, па тие го завршија натпреварувањето во групната фаза и сега го чекаат исходот на последните натпревари од групата каде се среќаваат Бразил – Еквадор и Венецуела – Перу.
Синоќа во првиот меч Еквадор и Перу одиграа без победник, 2:2.