Она што Спортмедиа го најави точно пред една недела, од денеска и е официјално. Дарко Тофилоски, искусниот голман и некогашен репрезентативец на Македонија е нов член на Тиквеш. Кавадарчани не престануваат со засилувањата. Покрај Иван Ивановски и Дарко Тофилоски, кавадарчани имаат намера да се засилат и со најмалку 4-5 странци, а се преговара и со неколку домашни квалитетни прволигашки засилувања.
Тиквеш вчера под водство на стратегот Пане Блажевски ги стартуваше подготивките за следната сезона во ПМФЛ, во која ќе играат по пауза од 17 години.